Јунајтед следи талент на Баерн

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за талентот на Баерн Минхен, Матис Тел, информира Флоријан Плетенберг. Претставници на „црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со агентите на играчот за да изразат желба да го ангажираат на лето.

18-годишниот напаѓач нема желба да ја напушти „Алијанц Арената“ и покрај тоа што во моментов не добива голема минутажа. Тел на лето ќе размисли дали сака да замине или да продолжи да се бори за своето место. Иднината на Французинот зависи и од тоа дали Томас Тухел ќе остане на кормилото на Баерн и кој на крајот ќе го замени.

Матис Тел не сака да биде позајмен, но доколку не добие сигнали од Баварците дека клубот верува во неговите квалитети, ќе сака да биде продаден.

Напаѓачот беше привлечен од Рен во летото 2022 година за 20 милиони евра.

Оваа сезона Тел одигра 27 натпревари во сите натпреварувања и постигна шест гола.

Слични содржини