Јунајтед во небрано, Њукасл одбиваат да отстапат од нивните големи барања за Ешворт

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Манчестер Јунајтед и Њукасл продолжуваат без пробив и напредок во однос на привлекувањето спортскиот директор Ден Ешворт, објавија утринава повеќето англиски медиуми.

„Страчките“ продолжуваат да одбиваат да отстапат од нивните големи барања за компензација од 20 милиони фунти за ослободување на поранешниот шеф на Брајтон. Ешворт веќе е ставен на задолжителен одмор, но од „Сент Џејмс Парк“ продолжуваат да му ја исплаќаат целосната плата и неговиот договор трае до летото 2026 година.

Ако не се постигне вистински напредок во овие разговори, еден од водечките спортски директори во Премиер лигата ќе биде надвор од фудбалот долго време.

Така, двете екипи продолжуваат со планирање и работа на претстојната летна селекција без да имаат на располагање спортски директор. Засега во Њукасл оваа работа ја презеде Стив Никсон, кој е шеф на скаутинг единицата, а во Манчестер Јунајтед водечка улога има Џон Муртаг, кој е шеф на фудбалските операции.

Слични содржини