Јунајтед заинтересиран за играч на Борусија Дортмунд

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за 24-годишниот играч од средниот ред на Борусија Дортмунд, Феликс Нмеча, објави германскиот весник „Bild“.

Англискиот клуб е подготвен да плати околу 48 милиони евра за играчот. Прашање е дали на толкава сума би се израдувал финалистот од последното издание на Лигата на шампионите.

Нмеча, кој се опоравува од повредата, повеќе не чуствува болка, но следниот натпревар на Борусија Дортмунд – против Мајнц на 30 март – доаѓа прерано за тој да биде вклучен во играта.

Германскиот интернационалец се очекува да се врати на терените во наредните недели за натпреварите против Фрајбург, Барселона и Баерн Минхен.

Слични содржини