Јункер и Лагард ја исклучуваат можноста за излез на Грција од еврозоната

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во интервју за германски весник ја исклучи можноста Грција да излезе од еврозоната, а вината за кризата во земјата им ја припиша на грчките влади и на самите граѓани, кои дозволиле да бидат направени сите тие грешки, јавуваат грчките медиуми.

евро скршено

– Новата грчка Влада треба да биде прифатена пријателски. Грците мислат дека не се виновни за проблемите на нивната земја, но ниту Германците, ниту Холанѓаните не гласаа за ПАСОК и Нова демократија во изминатите 40 години. И Грците имаат вина, која не можат да ја негираат, нагласи Јункер.

Директорот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард изјави дека веројатноста за излегување на Грција од еврозоната воопшто не е предмет на расправа.

– Она за што се дискутира е како да имаме доверба едни во други за да чекориме напред. Важно е грчката економија во рамките на еден комплексен план да може да стане посилна и поефикаснка и да биде создадена можност за отварање работни места, истакна Лагард. а