Јункер итно на операција од жолчката

од desk2
169 прегледи

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го прекина одморот и ќе биде итно опериран, соопшти Европската комисија.

Тој мораше да го прекине одморот во Австрија поради медицински причини, стои во пишаното соопштение од ЕК.

Јункер е префрлен во Луксембург каде итно ќе биде опериран за отстранување на жолчното ќесе, наведуваат од Брилес.

Некогашниот премиер на Луксембург Жан Клод Јункер на чело на ЕК се наоѓа од 2014 година, а мандатот му истекува во октомври.