Создавањето на контактната група ќе овозможи ефикасна размена на информации за регистрираните мигранти
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ќе претстави план од 16 предлози и барања кон земјите од ЕУ со цел поефикасно соработка и престанок на хаосот на границите поради бегалската криза.
“Соседите треба да работат еден со друг, а не едни против други. Некои европски земји без согласност на своите соседи прекинаа пропуст на илјадници мигранти “, забележува Јункер, кој сака да биде создадена контакт група, i членови на која ќе бидат претставници земјите од ЕУ. Според планот на Јункер секоја влада од земјите-членки на ЕУ треба да go посочи својот претставник во контактната група не подоцна од едно деноноќие по одржувањето на средбата на миграциските проблеми, што ќе се одржи утре во недела. Создавањето на контактната група ќе овозможи ефикасна размена на информации за регистрираните мигранти.
За стабилизирање на Словенија, преживеаните тешки времиња откако Унгарија ја затвори границата со Хрватска, Јункер нуди до среда во земјата да бидат испратени дополнителни 400 гранични полицајци. Шефот на Еврокомисијата бара и забрзување на процесот на депортација на бегалците, чии барања за азил не се одобрени. “Европските земји треба да ги зголемат можностите за прием на сиромашните, обезбедувајќи им кров, храна, медицинска помош, вода и санитарни услови . Ако дадени земји не можат да го обезбедат сето тоа, тие треба да прибегнат до механизмот за цивилна заштита на ЕУ, насочени кон соработка при активности во вонредни ситуации “, се вели во планот на Јункер.
На итната средба на Еврокомисијата во недела ќе земат учество лидерите на Австрија, Бугарија, Унгарија, Германија, Грција, Македонија, Романија, Србија, Словенија и Хрватска, како и лидерите на Еврокомисијата, Евросоветоти Европарламентот, раководителите на агенцијата за гранична контрола на ЕУ “Фронтекс”, агенцијата на ЕУ за миграција EASO и високиот комесар на ОН за бегалци.