Јунски договор: Роковите познати, спроведувањето неизвесно

од desk3
101 прегледи

Изминатите средби на лидерите на политичките партии за решавање на политичката криза и документите што произлегоа од нив, како и од средбите со претставниците на меѓународната заедница, донесоа некаков распоред на активности сè до предвремените избори во април 2016 година.

преговори

Според сето тоа, извесни се следниве датуми и рокови:

На 29 јуни
Лидерска средба на која партиите ќе се обидат да најдат заедничко решение за преодна влада. Ова беше договорено на 19 јуни, на презентирањето на извештајот на Рајнхард Прибе.

Јулска сесија на Советот на ЕУ
Се очекува да бидат презентирани детаљни и конкретни предлози за реформи кои се планира да се спроведат идните месеци.

Крај на август
Средба со посредништво на ЕУ за сите политички партии застапени во Собранието, на која треба да се постигне договор за решавање на структурните реформи во областа на поглавјата 23 и 24.

Октомври
Редовна сесија на Советот на ЕУ и презентирање на годишниот извештај за напредокот на Македонија.

Ноември
Извештаи од собраниските комисии кои се предвидени со договорот од 2 јуни, а со кои треба да раководи СДСМ (парламентарна комисија основана за скандалот со прислушување, комисии за откривање и за интервенција во комуникациите).

Сите овие датуми и рокови може да паднат во вода ако овој понеделник (29 јуни) лидерите не се договорат за преодна влада.

Неизвесно останува:

Кога и дали СДСМ ќе се врати во Собранието;
Кога, како и дали премиерот Груевски ќе ја напушти функцијата;
По кој редослед ќе се спроведуваат реформите предвидени во договорот од 2 јуни и дали ќе ги спроведуваме сами или и тоа ќе биде со посредништво на меѓународната заедница и
Прецизен датум за избори (кога и дали во април?).

Извор: МЕТА