Јуриќ: Македонија мора да размислува за воспоставување подобар систем за потрага на исчезнати деца

од Nikola Popovski
344 прегледи

По повод убиството на малата Вања, основачот на српската фондација „Тијана Јуриќ“, Игор Јуриќ изјави дека како татко чија ќерка доживеала слична судбина бил длабоко потресен, и дека тој следел се што се случувало од ден на ден во врска со потрагата по девојчето.

– Како човек кој денес води организација која се занимава со исчезнати деца и лица, она што особено ме потресе е тоа што ја добивме информацијата дека таткото е вмешан во тоа, рече Јуриќ во гостување на српската телевизија „Пинк“.

Како што вели, не може да најде зборови ниту разбирање за таков гест.

– Ако зборуваме за родител кој го изневерува своето дете и го продава на таков брутален начин, тогаш тоа е нешто што не само што не може да се прости, туку мора да се казни – рече Јуриќ.

За жал, вели тој, сведоци сме дека има луѓе кои се подготвени да ги жртвуваат своите деца и немаат пречки да добијат некаков бенефит.

– Мислам дека Македонија мора да размислува за воспоставување подобар систем на потрага по исчезнати деца – рече Јуриќ.

Слични содржини