Јутјуб го суспендираше каналот Трамп

од Stefanija Kuzmanovska
418 прегледи

Јутјуб го суспендираше профилот на Трамп најмалку една недела, а можеби и подолго, откако неговиот канал ги прекрши правилата на оваа платформа, објави компанијата во вторникот вечерта.

Најновото видео на каналот на Трамп поттикна насилство, соопштија од Јутјуб за Си-Ен-Ен. Видеото е отстрането.

Одбија да ги споделат деталите за отстранетата содржина, ја отстранија содржината и од каналот на Белата куќа

Јутјуб одби да сподели детали за видеото што доведе до отстранување на профилот на Трамп, но соопшти дека по една недела повторно ќе размисли за тоа. Јутјуб исто така ја отстрани содржината од каналот на Белата куќа поради кршење на правилата, додаваат од компанијата.

Единствено на Јутјуб, од сите поголеми платформи на социјалните мрежи, Трамп не беше суспендиран. Но, сега и тоа се промени.

Фејсбук и Инстаграм ги отстранија профилите на Трамп на неодредено време, додека Твитер го забрани целосно и засекогаш.

Трето отстранување содржина на Јутјуб значи и трајна забрана

„По внимателно разгледување и во светлината на загриженоста за постојаното поттикнување на насилство, ние ја отстранивме новата содржина пренесена на каналот Donald J. Trump и го суспендиравме за кршење на нашите правила за поттикнување насилство“, наведе портпаролот на Јутјуб во изјавата.

„Како резултат на тоа, според нашиот долгогодишен систем на суспензија, каналот сега е спречен да емитува нови видеа или преноси во живо најмалку седум дена – што може да се продолжи“, се додава во соопштението.

Јутјуб, исто така, истакна дека ќе преземе дополнителни чекори и ќе ја исклучи опцијата за коментирање под преостанатите видеа на каналот на Трамп.

Според политиката на Јутјуб, второто отстранување на содржината носи двонеделна суспензија, а третото трајна забрана за објавување на содржина.

Слични содржини