Јутјубер намерно урнал авион поради прегледи, осуден на 6 месеци затвор

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Американскиот јутјубер Тревор Џејкоб (30) е осуден на шест месеци затвор за намерно уривање на својот авион во 2021 година за да добие што повеќе прегледи на интернет и за тоа што дал лажни изјави пред американските инспектори.

Тревор Џејкоб (30) објави видео од авионската несреќа во декември 2021 година, тврдејќи дека се работи за несреќа. Тој скокнал од авионот – со стап за селфи во рака – и паднал со падобран на земјата.

Клипот имаше три милиони прегледи, а видеото содржеше и реклама за компанија која произведува паричници, соопштија обвинителите.

Федералните обвинители во американската сојузна држава Калифорнија во понеделникот изјавија дека Џејкоб најверојатно го сторил кривичното дело за да добие што е можно повеќе прегледи на социјалните мрежи и да добие финансиска корист, пренесе Би-Би-Си.

„Овој вид невнимателно однесување не може да се толерира“, додаваат обвинителите.

Џејкоб, поранешен олимпиец во сноуборд, рече дека судот ја донел „вистинската одлука“.

Во спогодбата за признавање вина, тој изјавил дека видеото го направил како дел од договор за спонзорство на производ.

Џејкобс се изјасни за виновен претходно оваа година по обвиненијата за кривично дело „уништување и прикривање со намера да се попречи федерална истрага“.

Слични содржини