Јутјубер нокаутира поранешен UFC-борец (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
352 прегледи

Многу љубители на боксот се згрозени од неодамнешните борби на познати личности кои според многумина го нарушуваат угледот на овој спорт. Еден од оние во првите редови е Јутјуберот Џејк Пол кој ноќеска го нокаутираше поранешниот UFC-борец Бен Аскрен во првата рунда.

Поточно, Пол славеше со технички нокаут по првиот сериозен удар. Судијата го прекина натпреварот за големото славје на Јутуберот против донеодамнениот ММА борец.

Но, ова звучи подобро отколку што навистина е. Многумина се сомневаат дека борбата била наместена и дека Аскрен зел околу половина милион долари за еден удар. Борецот, кој доживеа вистински дебакл со влегувањето во UFC и ја заврши својата кариера по само три борби, изгледаше во катастрофална физичка состојба.

Аскрен на некој начин ја засрами ММА-заедницата со ова шоу. Џејк Пол веќе започна да го повикува Конор Мек Грегор и не би се изненадиле ако подготвениот Ирецот за пари ја прифати оваа борба.

Слични содржини