Јутјуберот не престанува да изненадува: Џејк Пол нокаутира ММА ѕвезда пред борбата со Тајсон

од Nikola Popovski
293 прегледи

Американската Јутјуб ѕвезда, Џејк Пол, ја забележа десеттата победа во својата боксерска кариера, откако претходната вечер на егзибициска средба, одржана во Мајами, го нокаутира Мајк Пери.

По одложувањето на „борбата на векот“ со Мајк Тајсон, Мајк Пери, ММА борец и ѕвезда на популарната организација BKFC (Bare Knuckle) стапи како замена за популарниот „Iron Mike“, но тој немаше сила да го издржи мечот во крузер категорија (до 91 килограм) предвиден за осум рунди со Џејк Пол.

Осум сантиметри повисокиот Пол три пати го испрати Пери на подот, а по серијата удари во шестата рунда го доби 10. меч во боксерската кариера.

По победата, Пол нагласи дека сега се подготвува за 15 ноември и борбата со Тајсон, која првично беше одложена поради воспаление на чирот на 58-годишниот Американец.

„Пери е многу тежок, но јас само удрив премногу силно и му нанесов премногу штета. Тајсон, ти си следниот“, рече Џејк Пол по победата, кој го повика и шампионот во две дивизии на УФЦ, Алекс „Поатанг“ Переира.

Да потсетиме, Пол ја започна својата боксерска кариера пред само четири години, а откако вредно работеше со некои од најголемите стручњаци, набрзо беше забележан и надвор од YouTube.

Досега има забележано 10 триумфи со седум нокаути, попатно поразувајќи неколку силни имиња од светот на ММА, а единствениот пораз во кариерата го има од Томи Фјури, помалиот брат на Тајсон Фјури – „Кралот на циганите“.

Слични содржини