Јуве може да здивне! Игуаин се спаси од сериозна повреда

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Топ стрелецот на италијанскиот шампион Јувентус, Гонзало Игуаин, се размина со сериозна повреда при победата од 1-0 над Торино денеска.

25 минути по почетокот на „Дерби дела Моле“, Ел Пипита го напушти теренот принудно за сметка на Федерико Бернардески. Првичните прегледи покажаа дека аргентинскиот стрелец се разминал со исчашување на глуждот и добил само сериозен удар кој нема да одземе долго време за да се опорави, вели „Скај Спорт Италија“.

Во последните минути Бернардески пак беше заменет од Стефан Лихтенштајнер. Неговото колено беше повредено по контакт со Томас Ринкон и веднаш му беше ставен мраз. Се уште не е јасно за каква повреда се работи, бидејќи во текот на неделата Бернардески имаше и мускулен проблем.

Со повреди во Јувентус се и Блеиз Метуиди и Хуан Квадрадо, а очекуваат францускиот репрезентативец да продолжи со тренинзите утре.

Слични содржини