Јуве на Ди Марија му нуди договор за најмногу две сезони, тој сака три

од Vladimir Zorba

Јувентус од летото се обидува да го привлече аргентинскиот играч за врска Анхел Ди Марија како слободен играч, пишуваат италијанските медиуми.

Последните седум години Ди Марија ги мина во Пари Сен Жермен, но францускиот шампион не му понуди нов договор на играчот и по завршувањето на сезоната тој ќе го напушти Паркот на принцовите.

Во оваа фаза нема договор со Јуве, бидејќи Торино нуди договор на една сезона со опција за уште една, но 34-годишниот Аргентинец инсистира на тригодишен договор, напиша новинарот Екрем Конур на Твитер.

Слични содржини