ЈУВЕ СЕ ПРОСТИ СО ТИТУЛАТА: Шампионот на Италија заостанува 10 поени зад Интер

од Vladimir Zorba
257 прегледи

Каков кикс на Јувентус, какво славје на Беневенто, каков чекор кон титулата за Интер!

Тимот кој се бори за опстанок во Серија „А“ го победи Јуве во Торино и со тоа му овозможи на тимот од Милано да му избега на ривалот десет разлика!

Голот на одлука беше дело на Аргентинецот Адолф Гајиќ во 69. минута од средбата. Верувале или не, тоа беше единствениот удар на гостите во рамките на голот. И сето тоа се случи по голема грешка на одбраната.

Од друга страна, Јуве имаше вкупно 23 обиди да ја затресе мрежата, девет од нив отидоа во рамките на голот, „црно-белите“ исто така имаа огромна предност во поседот на топката, девет корнери… Но ништо не помогна.

Каква ќе биде судбината на Андреа Пирло по денешниот резултат останува да видиме во следниве денови….

Слични содржини