Јуве влегува во трката за Фабињо

од Vladimir Zorba

Италијанскиот шампион Јувентус ќе стори сé што е во негова моќ за да го привлече играчот од средниот ред на Монако, Фабињо во текот на летото, вели „Ел Мундо Депортиво“.

24-годишниот бразилски репрезентативец, исто така, е поврзан со трансфер кај Манчестер Јунајтед, но се претпоставува дека „бјанконерите“ имаат предност да го привлечат.

„Мојот период во Монако е одличен, но мислам дека е при крај, можеби во лето ќе преземам нов предизвик“, изјави Бразилецот за медиумите во неговата татковина.

Неговата универзалност е многу ценета од Масимилиано Алегри, и специјалистот е подготвен на се, за да го земе на „Алијанц“ стадионот.

Тимот од Торино гледа во Бразилецот совршен наследник на Сами Кедера и се надеваат дека совршената врска со Жорже Мендеш ќе им помогне за договорот.

Слични содржини