Јувентус го одложи патувањето за Милано – Дибала повторно заразен со коронавирус?

од Stefanija Kuzmanovska

Јувентус го одложи вечерашното патување за Милано, ден пред натпреварот на Сан Сиро во дербито на колото од Серија А.

Предвидено е Милан и Јувентус да се сретнат во среда во 20:45 часот, сепак, коронавирусот во редовите на Јувентус може да го одложи натпреварот.

Во редовите на италијанскиот првак, заразени се Алекс Сандро и Хуан Куадрадо, а последниот кој се пожали на малаксаност е Пауло Дибала. Аргентинецот го прележа коронавирусот минатата пролет, а сега на лекарите им пријави покачена температура и симптоми на коронавирус.

Во Торино вечерва ќе ги чекаат резултатите од последниот тест, резултатите ќе пристигнат во понеделник наутро и потоа ќе се одлучи дали Јувентус ќе замине во Милано.

Слични содржини