Јувентус го вклучува Мојс Кин во обид да го убеди Атлетико за Мората

од Vladimir Zorba
351 прегледи

Јувентус размислува да го вклучи Мојс Кин во договорот за Алваро Мората. „Старата дама“ не губи надеж дека ќе успее да се договори со Атлетико Мадрид за перманентен трансфер на шпанскиот напаѓач. Мората е во сопственост на „јорганџиите“ и во последните две сезони играше како трансфер во Јувентус.

„Бјанконерите“ имаат опција да го купат играчот, но доколку ја активираат ќе треба да платат 35 милиони евра. Сепак, Јувентус не е подготвен да плати повеќе од 15 милиони евра плус бонуси, а Шпанците не сакаат да направат отстапки.

Сепак, според ilbianconero.com, тимот од Торино може да ги искуши „рохибланкос“ со вклучување на напаѓачот Мојс Кин како дел од зделката.

Директорот на Јуве, Федерико Черубини ќе отпатува во шпанската престолнина за да разговара за ситуацијата со Мората со колегите од Атлетико.

Сепак, не е јасно дали тренерот на Атлетико, Диего Симеоне би го сакал италијанскиот напаѓач во неговиот тим.

Слични содржини