Јувентус и Алегри влегуваат во правна битка, тренерот го оспорува отказот

од Vladimir Zorba
903 прегледи

Се очекува раководството на Јувентус и Масимилијано Алегри да влезат во долга правна битка за да ги средат односите меѓу двете страни, информираше популарниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио.

Тренерот доби отказ ден по триумфот на „старата дама“ во финалето на Купот на Италија против Аталанта. Тогаш поранешниот тренер на Милан влезе во сериозни расправии, прво со судиите на средбата, а по нејзиниот крај и со дел од раководството на неговиот тим на теренот.

Тој упатувал закани до главниот уредник на „Тутоспорт“, по што бил принуден да му се извини еден ден подоцна.

Токму овие постапки на Алегри ги искористи раководството на Јувентус за да го ослободи од обврските. Тренерот, сепак, го оспорува неговото отпуштање како неосновано и исто така поднесува тврдења за прекршување на имиџ правата.

Претставниците на Алегри во наредните денови ќе поднесат жалба до судот за работни односи на Италија, што би можело да ги втурне двата тима во долготрајна правна битка доколку не успеат да постигнат брзо вонсудско решение.

Слични содржини