229
Јувентус и Ливерпул преговараат за размена на играчите од средниот ред Адриен Рабио и Наби Кеита, пренесуваат италијанските медиуми.
Французинот пристигна на „Алијанц“ стадионот како слободен играч во 2019 година, но никогаш не беше убеден дека може да биде главен играч за „бјанконерите“.
Рабио сака да го напушти Јуве, а Алегри нема проблем да се раздели со него. Клубот го проценува на 20 милиони евра.
Ситуацијата на Кеита е малку поинаква. Јирген Клоп се потпира на него, но од кога е во Ливерпул не може да се наметне како стартер, иако минатата сезона имаше добри моменти.
И на двајцата договорите им истекуваат за една година.