Јувентус и Милан го сакаат Лингард, неговиот брат избувна во лут пост против Јунајтед

од Vladimir Zorba
316 прегледи

Италијанските гиганти Јувентус и Милан се заинтересирани за офанзивниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард. На 29-годишниот фудбалер му истекува договорот и летово ќе го напушти „Олд Трафорд“ како слободен играч. Јувентус и Милан се лидери во конкуренција за потписот на играчот, тврди ЕСПН. Се верува дека интересот за Лингард е од страна на тимовите од Премиер лигата и тимовите надвор од англискиот шампионат.

Детето на Манчестер Јунајтед оваа сезона има 22 натпревари во сите натпреварувања, постигна 2 гола и 1 асистенција.

Во меѓувреме, братот на Лингард, Луис Скот, објави лут пост на Инстаграм поради непочитувањето од страна на Јунајтед кон Џеси и неуспехот да му приреди соодветно збогување на својот фудбалер, кој игра за „црвените ѓаволи“ од дете. Победата од 3-0 против Брентфорд беше последниот домашен натпревар за Манчестер Јунајтед оваа сезона.

„Не е чудно што следната сезона ќе играте во Лигата на конференциите… Со вас владеат луѓе кои не го знаат ни правилото за офсајд“, напиша лутиот брат на Џеси Лингард.

Слични содржини