Јувентус испушти два гола предност, поништен гол на Роналдо за победа (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
430 прегледи

Фудбалерите на Јувентус одиграа нерешено, 2: 2 во првото коло од Серија А, против Удинезе, по голема грешка на голманот на „старата дама“, и поништениот гол на Кристијано Роналдо.

Јувентус поведе со 2-0 со головите на Пауло Дибала и Квадрадо, но успеа да ја испушти таа предност. Веќе во третата минута, Дибала рутински ја реализираше шансата по додавањето на Бентакур, а 20 минути подоцна, Квадрадо ја круниса соло акцијата со многу убав гол за 2:0.

Но, во вториот дел започнаа проблемите за тимот од Торино. Најпрво, Переира го доближи Удинезе до еден гол негатива од пенал, а седум минути пред крајот, Делофеу ја искористи грешката на Војчех Шчесни и донесе израмнување.

Јуве можеше да победи во четвртата минута од продолжението, но голот на Кристијано Роналдо беше поништен поради офсајд.

Португалецот првично одби да игра, но по 60 минути игра, сепак влезе на теренот.

Слични содржини