Европски гиганти како Јувентус, Манчестер Јунајтед и Челси ја следат ситуацијата околу речиси неуспешните преговори за продолжување на договорот на францускиот репрезентативец Усман Дембеле со Барселона.
Договорот на крилниот напаѓач истекува во јуни 2022 година и доколку не биде продаден во јануари, тој ќе замине како слободен играч на лето. Вчера медиумите во Шпанија објавија дека преговорите се заглавени откако агентот на Дембеле побарал за неговиот клиент плата од 40 милиони евра по сезона плус бонус од 20 милиони за повторно потпишување.
Дембеле беше привлечен во 2017 година од Борусија (Дортмунд) за 135 милиони евра, но не ги оправда големите очекувања. Дембеле оваа сезона одигра само осум натпревари за Барселона и запиша две асистенции.
Сепак, ниту еден од наведените клубови нема намера да плати трансферна сума за Дембеле, туку повеќе ќе чека да му истече договорот и да го ангажира како слободен играч.