Јувентус се откажа од плановите за продолжување на договорот со напаѓачот Кристијано Роналдо поради превисоката плата на Португалецот, објави Скај Спорт.
Тековниот договор на Роналдо со „Старата дама“ е до летото 2022 година.
Деновиве се појавија информации дека управата на Јувентус и претставниците на Португалецот имаат намера да разговараат за продолжување на договорот на ѕвездата. Италијанскиот клуб сака да ја продолжи соработката со напаѓачот, но со намалена плата – од 31 милиони евра на 20 милиони.
Роналдо е играч на Јувентус од 2018-та. 36-годишниот фудбалер беше прв стрелец на неодамна завршеното Европско првенство во фудбал. Португалецот постигна пет гола за 360 минути игра и направи една асистенција.