Јувентус нема проблем со Вернер, но сака повеќе пари за Де Лихт

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Челси и Јувентус преговараат за трансфер на Матијас Де Лихт на „Стемфорд Бриџ“. Италијанците се договорија дека можат да се разделат со холандскиот дефанзивец, кој изрази желба да си замине. Сепак, не се задоволни од првата понуда на лондончани.

Првата понуда на „сините“ е вредна 40 милиони евра плус Тимо Вернер. Јувентус генерално сака да го продаде Де Лихт за околу 100 милиони и да спречи други играчи да бидат вклучени во зделката. „Бјанконерите“ се уште се отворени за можноста да го земат Вернер, но бараат 70 милиони плус Германецот.

Откако преговорите за нов договор на Де Лихт не завршија со договор, Холанѓанецот реши дека сака да си замине. Тој има договор со Јуве до јуни 2024 година и клаузула за раскинување вредна 125 милиони евра, која следната година ќе се зголеми на 140 милиони.

Интерес за него има и од Манчестер Јунајтед.

Слични содржини