Јувентус остана без еден од најдобрите играчи до крајот на сезоната

од Nikola Popovski
149 прегледи

Веројатно најдобриот дефанзивец на Јувентус, дваесет и седумгодишниот Бразилец Глеисон Бремер ја заврши сезоната поради кинење на лигаментите на коленото.

Бремер се повреди на вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите кога Јувентус го победи Лајпциг со 3-2 во второто коло од натпреварувањето.

Тој по еден дуел слета незгодно, па брзо го заврши натпреварот и темните претчувства се потврдија по лекарските прегледи во четвртокот кога беше утврдено дека има повреда и на менискусот.

Фудбалерот на Јувентус очигледно ја заврши сезоната.

Тимот од Торино бара негова замена, а италијанските медиуми шпекулираат со името на Симон Кјаер кој моментално е без клуб откако го напушти Милан на крајот од минатата сезона.

Слични содржини