Бразилскиот играч за врска Даглас Луиз (26) одигра одлична сезона во Премиер лигата во Астон Вила. На 35 настапи постигна девет гола и забележа пет асистенции и одигра 3.002 минути. Се очекуваше дека ќе продолжи со добар фудбал во Јувентус, но моментално е далеку од своите најдобри изданија.
Луиз досега има осум настапи за тимот на Тиаго Мота, но ниту еден од првата минута. Собра 222 минути во Серија А и Лигата на шампионите, а на последните два натпревари направи пенал. Во победата на РБ Лајпциг од 3:2, неговата грешка не ја чинеше скапо Старата дама, но затоа таа во неделата значително го оштети тимот на Торино.
Јувентус неочекувано одигра 1:1 против Каљари во Торино, а на крајот од натпреварот Луиз со несмасен фаул направи пенал, од кој гостинот доби бод.
Tuttosport пишува дека Мота не се сомнева во техничките квалитети на повремениот бразилски интернационалец. Проблемот е во интензитетот на неговата игра, бидејќи Мота бара високо темпо и многу трчање во двата правци од сите играчи. Луиз се уште не може да го исполни ова, па затоа е во втор план.
Јувентус ќе му даде време до зимата, по што ќе одлучи за неговиот статус.
Според „Трансфермаркт“, Даглас Луиз вреди 75 милиони евра, а беше играч и на Манчестер Сити, Жирона и Васко де Гама.