Јувентус по секоја цена сака да се ослободи од Погба

од Vladimir Zorba
11 прегледи

И покрај намалувањето на казната на францускиот фудбалер Пол Погба, Јувентус размислува да ја прекине соработката со играчот од средниот ред, пишуваат италијанските медиуми.

Од Јувентус веќе му кажале на Погба дека не сметаат на него и дека планираат да започнат преговори за раскин на неговиот договор кој истекува во 2026 година.

За потсетување, во телото на Погба беа пронајдени недозволени супстанци, поради што доби суспензија од четири години, која подоцна беше намалена на 18 месеци.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед излезе во јавноста и изјави дека е подготвен повторно да игра за Јувентус, но италијанскиот клуб очигледно не мисли така.

Погба се појавуваше и на ТВ емисии како и на натпревари на Интер Мајами. На челниците на Старата дама не им се допаднаа честите појавувања на Французинот во јавноста без дозвола на клубот, земајќи ја предвид ситуацијата во која се наоѓа играчот од средниот ред.

Тој ќе може да игра од март 2025 година и ќе биде интересен за многу клубови како слободен играч.

Слични содржини