Јувентус подготвува трансфер удар

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Еден од ѕвездите на Арсенал, Ектор Белерин, е голема трансфер цел за Јувентус, вели Гардијан.

„Бјанконерите“ бараат нов фудбалер на овој пост, откако стана јасно дека еден од играчи на тимот, Штефан Лихтштајнер, речиси сигурно ќе го напушти „Алијанц“ стадионот.

Во Англија тврдат дека Белерин не е сигурен за неговата иднина во тимот од Северен Лондон. Ова е причината зошто италијанскиот шампион почнал да внимава на ситуацијата со бекот.

Арсенал се очекува да бара најмалку 45 милиони фунти за еден од неговите најпостојани играчи.

Ектор Белерин има седум гола и 13 асистенции за тимот во сите турнири сезонава.

Слични содржини