Јувентус започна преговори со крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Анхел ди Марија. Договорот на 34-годишниот Аргентинец истекува на лето и „бјанконерите“ се подготвени да го земат во своите редови како слободен играч, пренесe „Sky Italy“.
Тимот од Торино бара соодветни играчи за да го освежи нападот за новата сезона. Клубот во лицето на Ди Марија гледа добра опција за замена на Пауло Дибала, кој е пред заминување. Згора на тоа, неговото привлекување нема да ги чини ништо.
Јуве веќе оствари првични контакти со претставниците на Ди Марија. Тие започнале во многу позитивен тон и се чини дека играчот е заинтригиран од можноста да го носи дресот на „Старата дама“. Тој е подготвен да потпише договор на една или максимум две години, бидејќи сака да ја заврши кариерата во родната Аргентина.
Иако во длабока фудбалска старост, Ди Марија останува исклучително добар фудбалер. Сезонава на своето конто за ПСЖ има 26 натпревари на кои постигна 3 гола и 7 асистенции.