Јувентус се ослободува од Влаховиќ? Ќе биде дел од голема размена со клуб од Премиер лигата

од Nikola Popovski
94 прегледи

Според италијанските медиуми, Душан Влаховиќ летово би можел да го напушти Торино. Влаховиќ полек влегува во последната година од договорот со Јувентус, а не сака да потпише нов договор. Се погласни се гласините дека на лето ќе го напушти Торино, а Италијанците пишуваат дека клубот веќе има план за него.

Клубот со кој раководи хрватскиот тренер Игор Тудор наводно сака да го испрати 25-годишниот српски репрезентативец во Њукасл како дел од голема размена, но не за напаѓачот Александар Исак, туку за плејмејкерот Сандро Тонали. Во Торино го гледаат Италијанецот како идеално засилување за следната сезона и наводно ќе направат се за да се случи оваа размена.

Влаховиќ пристигна во Јувентус во јануари 2022 година од Фиорентина за 83,5 милиони евра. Досега за Јувентус одигра 138 натпревари и постигна 55 гола со 14 асистенции. Сезонава постигна 14 гола и пет асистенции на 37 настапи во сите натпреварувања.

Слични содржини