Јувентус се откажа од Влаховиќ

од Vladimir Zorba
1,6K прегледи

Српскиот репрезентативен напаѓач, Душан Влаховиќ нема најдобра сезона во Јувентус, а според последните информации е на прагот да го напушти клубот.

Неговиот договор со клубот од Торино истекува следната година и засега нема напредок во преговорите.

Влаховиќ е најплатен фудбалер не само во Јувентус, туку и во цела Италија, а се споменуваше дека ќе му се „крати“ платата кога ќе се зборува за нов потпис, но се чини дека нема да има нов потпис со двократниот европски шампион.

Според италијанскиот инсајдер Николо Шира, Јувентус го променил статусот на Влаховиќ, па српскиот напаѓач сега е достапен за трансфер.

Влаховиќ (24) пристигна во Јувентус за 80 милиони евра во јануари 2022 година. Сезонава има 12 гола и две асистенции на 23 настапи, но тие бројки, иако солидни, не се убедливи дека Србинот мора да остане.

Јувентус сака што побрзо да го продаде поранешниот шпиц на Партизан и Фиорентина за да не дојде во ситуација Влаховиќ да си замине без никакво обештетување.

Дали Арсенал повторно ќе биде кандидат број еден за следната дестинација на Влаховиќ ќе дознаеме наскоро.

Слични содржини