Јувентус со информација за повредата на Ди Марија

од Vladimir Zorba

Јувентус ја потврди повредата на новото засилување Анхел Ди Марија.

Клубот соопшти дека по денешните лекарски прегледи на Аргентинецот, јасно е дека тој има повреда на адукторот на левата нока, а неговата состојба ќе биде повторно проценета за 10 дена.

Тоа значи дека Ди Марија сигурно ќе го пропушти натпреварот од второто коло во Серија „А“ против Сампдорија следниот понеделник.

Тој синоќа имаше одлично деби за „бјанконерите“ со гол и асистенција при победата од 3:0 на гости кај Сасуоло, но беше заменет во 65. минута токму поради повредата.

Слични содржини