Фудбалскиот клуб Јувентус е во неволја. И на теренот, како и надвор од него, во поглед на финансиите.
Во моментов , тие се под истрага на Јавното обвинителство во Торино.
Тимот потроши 500 милиони евра, а се почнува од Гонзало Игуаин.
Аргентинецот по одличната сезона беше доведен од Наполи за 91 милион евра и доби плата од 7,5 милиони по сезона. Значи, вкупно 122 милиони евра, кога ќе се земат предвид сите трошоци и се одземаат 18 милиони, колку што е заработено од позајмици во Милан и Челси.
Потоа на списокот е Даглас Коста, чиј престој во Торино го чинеше клубот 87 милиони евра кога ќе се додадат обештетувањето и платата, додека другиот Бразилец Артур досега го чинеше два милиони помалку.
Не вродија со плод ниту инвестициите во Фернандо Бернандески и Дејан Кулушевски за кои им беа исплатени 40, односно 35 милиони евра. Цената се зголемува на 73. 49 милиони евра кога ќе се додадат платите и другите трошоци.
Потоа следи Арон Ремзи со 44 милиони, Марко Пјаца со 32 и Адриен Рабио со 29. Интересно е што многу пари се вложија во Кристијано Ромеро кој беше платен 28 милиони евра, а потоа продаден на Аталанта за 15. Тимот од Бергамо го продаде ова лето за повеќе од 50 милиони на Тотенхем.
Овие девет играчи го чинеа клубот над 500 милиони евра, а прашање е колку придонесоа за клубот.
Тука не го сметаме Кристијано Роналдо, чиј трансфер на крајот чинеше 277 милиони евра, но за три сезони постигна 101 гол, па не можеме да го класифицираме во категоријата на промашувања.