Јувентус многу брзо напредува во преговорите за привлекување на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба и крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Анхел ди Марија. Работата на двата трансфери се одвива во исто време и се развива доста позитивно, а зделките се очекува да бидат објавени во наредните денови, пренесува „Газета дело спорт“.
На двајцата играчи им истекуваат договорите и стануваат слободни играчи, па торинците ќе ги земат без да платат за трансфер. Ди Марија веќе најави разделба од ПСЖ, додека Погба се уште нема донесено конечна одлука, но вагата е силно за враќање во Јуве.
Јувентус му понуди на Французинот тригодишен договор со плата од 12 милиони евра по сезона. И самиот фудбалер сака повторно да го носи црно-белиот дрес. Погба веќе играше за Јувентус помеѓу 2012 и 2016 година и ова беа најсилните години во неговата кариера досега, четири пати го крена скудетото со тимот на Старата дама, двапати Купот на Италија и два пати италијанскиот Суперкуп, а исто така еднаш стигна до финале на Лигата на шампионите.