Раководството на Јувентус го објави износот на загубите за околу половина година во сезоната 2020/2021 и таа сума звучи астрономски.
Впрочем, такви се загубите на другите клубови и лиги во Европа поради пандемијата на коронавирус, но 113,7 милиони евра на Јувентус сепак звучи како многу.
Тоа е сума слична на онаа што торинскиот клуб ја плати за ангажман на Кристијано Роналдо пред две и пол години, кога Португалецот дојде од Реал Мадрид (според податоците на Трансфермаркет за 117 милиони евра).
Одборот на директори, предводен од Андреа Ањели, се состана во четвртокот за да го потврди финансискиот извештај заклучно со 31 декември 2020 година.
„Старата дама“ објави и податоци за првите шест месеци од оваа сезона и приходи од 258,3 милиони евра, што е пад во споредба со оној од претходната сезона во исто време (322,3 милиони).
Предвидената разлика во односот на загубите и профитот требаше да биде околу 50 милиони евра.