Јувентус „загриза“ за играч на Арсенал

од Nikola Popovski
66 прегледи

Фудбалскиот клуб Јувентус е заинтересиран за фудбалерот на Арсенал и полски репрезентативец Јакуб Кивиор, пренесуваат италијанските медиуми.

Кивиор во торинскиот клуб треба да го замени Глисон Бремер, кој најверојатно ја заврши сезоната поради повреда.

Италијанските медиуми потсетуваат дека Бремер пред три дена ги повреди предните вкрстени лигаменти на коленото на натпреварот од Лигата на шампионите против Лајпциг (3:2).

Тренерот на Јувентус, Тиаго Мората сака да најде замена за Бремер, а торинскиот клуб ќе се обиде во јануарскиот преоден рок да го ангажира полскиот фудбалер кој оваа сезона одигра само три натпревари за Арсенал.

Кивијор (24) е член на Арсенал од јануари 2023 година, а претходно играше за Специја, Жилина и Подбрезова. Има договор со лондонскиот клуб до 30 јуни 2028 година.

Слични содржини