Јужна Америка против Светско првенство на секои две години

од Vladimir Zorba
353 прегледи

Советот на фудбалски федерации на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ), на состанокот во седиштето на организацијата во парагвајскиот град Луке, донесе едногласна одлука да не учествува на Светското првенство на ФИФА доколку се организира на секои две години, соопштено е на официјалната веб-страница.

„Нема никаква причина, корист или оправдување за промената што ја промовира ФИФА. Со оглед на тоа, десетте земји кои го сочинуваат КОНМЕБОЛ потврдуваат дека нема да учествуваат на Светското првенство кое би се организирало на секои две години“, изјави јужноамериканскиот фудбал

Како што се наведува, „проектот и врти грб на речиси стогодишната светска фудбалска традиција, занемарувајќи ја историјата на еден од најважните спортски настани на планетата“.

„КОНМЕБОЛ го поддржува Светското првенство, кое е моментално на сила, бидејќи се покажа како успешен модел кој ги наградува трудот, талентот и работата“, се заклучува во соопштението.

Слични содржини