Јужна Кореја и САД ги започнаа најголемите воени вежби од 2017 година

од Stefanija Kuzmanovska

Јужна Кореја и САД денеска ги почнаа најголемите заеднички воени вежби од 2017 година, соопштија јужнокорејските власти.

Годишните летни вежби треба да завршат на први септември, а јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, кој ја презеде функцијата во мај, вети дека ќе ги „нормализира“ заедничките вежби со САД и ќе го зајакне военото одвраќање против Северна Кореја, објави „Ројтерс“.

Сеул одделно започна четиридневна вежба за цивилна одбрана со цел зајакнување на подготвеноста на владата, прва од почетокот на пандемијата на корона.

Слични содржини