Јужна Кореја и САД истрелаа 8 проектили како одговор на ракетите од Северна Кореја

од Stefanija Kuzmanovska

Јужна Кореја и САД рано утринава истрелаа осум ракети во близина на источниот брег на Јужна Кореја, како одговор на вчерашното лансирање на низа балистички ракети од мал дострел од страна на Северна Кореја, изјави претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана.

Акцијата покажува „способност и подготвеност да се изврши прецизен удар“ против изворот на лансирањето на ракетата или центрите за команда и поддршка на Северна Кореја, објави јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“, цитирајќи ја јужнокорејската армија, пренесе „Ројтерс“.

„Јонхап“ објави дека јужнокорејските и американските сили истрелале осум проектили во период од 10 минути, почнувајќи од утрово по локално време, како одговор на осум проектили истрелани од Северна Кореја вчера.

Слични содржини