Јужна Кореја развива стратегија за привлекување муслимански туристи

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Рика Лим е голем обожавател на јужнокорејскиот актер Ли Мин-хо, откако ја гледал телевизиската серија „Момчиња наместо цвеќиња“ и планирала „женско викенд патување“ до Сеул.

Дваесет и тригодишната студентка од Индонезија вели дека се забавувала додека шетала по козметички дуќани и продавници за ракотворби во Мјеондонг и кога излегувала на пазарот Донгдаемун, модната мека која навечер не спие.

seoul

Додека има бесплатни вај-фај и метро линии поврзани со популарните туристички места, Лим и нејзините три другарки самите излегувале по хипстерски места и во кина без никаков проблем.

Најголемиот предизвик за туристките муслиманки, сепак било да најдат ресторан каде се служи халал храна, што значи храна која се подготвува на специфичен начин според исламскиот шеријатски закон. На првиот ден од четирдневното патување тие отишле во Итаевон, населба каде претежно живеат странци и каде има неколку халал ресторани во близина на наголемата џамија во државата. За ручек одбрале корејско говедско месо и останале таму се до вечерата. Но за следните оброци, тие јаделе индонезиски грицки и овошја кое го купиле од уличните продавачи.

– Обожувам кнедли и видов неколку места каде ги продаваат. Но, не ги пробав бидејќи слушнав дека повеќето корејски кнедли ги прават со свинско месо, рече Лим која носи црн хиџаб и тесни фармерки. – Да најдеме место каде слободно можеме да јадеме во близина на туристичките локации не беше баш лесно, вели таа.

Лим е само една од многубројните муслимани од југоисточна Азија и Блискиот Исток кои ја посетуваат Јужна Кореја за одмор, бизнис или медицински третмани и на кои и е тешко да се вклопат поради нивните верски убедувања.

Бројот на туристи муслимани пораснал од 540.000 во 2012 на 750.000 во 2014 година, велат од јужнокорејското Министерство за култура, спорт и туризам, и очекуваат таа бројка за годинава да се искачи до 800.000 туристи.

Популарните јужнокорејски драми и телевизиски шоуа предизвикуваат се поголем интерес за Јужна Кореја, но земјата каде едвај 0,2 проценти се муслимански верници не успева да обезбеди понуда и туристички опции за муслиманите.

Најголем проблем е храната која се нуди во неколку ресторани официјално сертифицирани од корејската муслиманска федерација као халал ресторани.

Некои арапски и турски ќебап ресторани имаат знаци за халал, но не се официјално сертификувани, додека „рестораните отворени за муслимани“ која ги овозожи државната Корејска туристичка организација (КТО) не служат свинско и нудат вегетаријански оброци. Покрај тоа, повеќето од нив се лоцирани во тесното градско подрачје на Сеул, а тоа не нуди доволно опции за јадење за оние кои ги посетуваат другите делови од земјата.

Службени лица од оваа индустрија го препишуваат недостигот на опции за исхрана за муслиманите на ниската јавна свест за религијата и тешкотиите за доаѓање до халал состојки од локалните добавувачи.

– Најтешкиот дел е да се дојде до халал производи за подготовка на корејските менија, како што се говедско за скара или пилешка супа, вели Ох Сејунг-кон, кој го води Макан кориан халал ристоранот во Итаевон. – Користиме халал говедско серифицирано во Австралија и купуваме пилиња од живинарска фарма која ја води муслиман кого го познаваме веќе со години. Ги правиме сите сосови со сертифицирани состојки, за што е потребно многу време и напор, вели тој.

Ох додава дека повеќето од неговите гости доаѓаат од земјите во југоисточна Азија и од Блискиот Исток, а и некои од локалните жители јадат во неговиот ресторан.

– Перцепцијата за халал храната нагло се смени откако Владата почна да го пормовира халал бизнисот во последниве неколку години, но многу туристи муслимани се жалат дека се мачат со ограничени менија и места за јадење додека се тука, вели Ох, кој студирал арапски јазик и работел во трговска компанија пред да го отвори ресторанот на почетокот на 2015 година.

За муслиманите кои се молат пет пати на ден свртени кон Мека, да се најде место за да ги извршуваат своите религиски ритуали е уште една тешка мисија. Пред да се молат, тие мора да си го измијат лицето, рацете и нозете за да се исчистат.

– Понекогаш немаме друга опција освен само да ги измиеме рацете. Тешко може да се најде јавно место каде можеме да ги измиеме и рацете и нозете. Можам да го прифатам ова само затоа што сум накратко тука, вели Лим.

Во пресрет на се повеќе барања за подобрување на инфраструктурата за муслиманите туристи, Владата најави серија мерки за да се прошири понудатат за халал храна и да се обезбедат простории за молење во поголемите јавни установи, вклучувајќи ги аеродромите, хотелите и конвенциските центри. Во хотелите низ земјата во моментов постојат 32 простории за молење.

Министерството за туризам планира да објави книга се рецепти како да се подготвува корејска традиционална кујна според исламските закони и развој на халал менија за локалните болници каде доаќаат се повеќе пациенти од блискоисточните земји.

Според едно истражување на Институтот за развој на индусрријата за здравје во Јужна Кореја, пацентите муслимани кои ја посетиле Јужна Кореја минатата година за халал храната во болниците дале најниска оценка меѓу седум други немедицински услуги, воглавно заради непријатностите додека биле послужувани со ограничена понуда.

Покрај храната, Владата најави дека ќе оформи конзорциум со козметички компании и академски кругови за да се создадат состојки кои не содржат било каков материјал спротивен на Исламот, као што се состојки од свињи и глицерин кој содржи алкохол. Иако јужнокорејската козметика е популарна во муслиманскиот свет, само четири компании добиле официјален халал сертификат за извоз.

– Има деривати од свињите и алкохолот во повеќето козметички производи, па муслиманите ќе треба да користат други нешта. Се додека перцепцијата за халал козметички производи не е широко прифатена, се повеќе козметички компании бараат начини како да добијат халал сертификати за да нстапат на новите пазари, вели Чо Минг-хаен, маркетинг директор за странство во „Талент Козметик“, локален козметички бренд, кој има сертификат од Одделот за исламски развој на Малезија.

Да се засили туризмот како начин да се забрза стагнантната потрошувачка во четвртата по големина економија во Азија, Владата исто размислува да го олесни издавањето на визи за туристи од земјите од Блискиот Исток, кои немаат врски со тероризмот.

Но најважно, туристичките власти ја истакнуваат гостољубивоста и отвореноста за нивните верски убедувања за да се привлечат муслиманите и тие повторно да дојдат во следните години.

– Има многу простор за раст на муслиманскиот туристички пазар ако Владата и индустријата соработуваат во многу области за да се подобри нивното задоволување, вели Јунг Ки-јунг, висок претставник во корејската туристичка организација. – Големата пречка се личните предрасуди против муслиманите, посебно од страна на христијанската заедница. Тоа нема да исчезне само од себе, но покрај тоа, ние ќе продолжиме да правиме напори да им дадеме повеќе опции на туристите муслимани, заклучува тој./МИА

Извор: Јонхап – Сеул