Јужноафриканската мутација на ковид полесно се врзува за човечките клетки

од Берта Китинска
205 прегледи

Научниците имаат нови докази дека таканаречената јужноафриканска варијанта на коронавирусот полесно и силно се врзува за човечките клетки, што го прави заразен, изјави денес локалниот епидемиолог Салим Абдул Карим.

Тој зборуваше на презентацијата на истражувањето за јужноафриканската варијанта позната како 501I.V2, објави Ројтерс. Новиот вид беше идентификуван од јужноафриканските експерти кон крајот на минатата година.