Јужнокорејската армија: Северна Кореја истрела повеќе крстосувачки ракети

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Северна Кореја денеска истрела неколку крстаречки ракети во близина на својот источен брег, соопшти јужнокорејската армија.

Ракетите биле лансирани околу 9 часот по локално време, во близина на источниот крајбрежен град Вонсан, соопшти Заедничкиот штаб на вооружените сили на Јужна Кореја, пренесува „Ројтерс“.

„Го зајакнуваме надзорот и нашата војска тесно соработува со САД и внимателно ги следи дополнителните знаци и активности од Северна Кореја“, додаваат оттаму.

Слични содржини