Јужнокорејскиот актер Ча Ин Ха починал во вторникот на 27-години, потврдила неговата агенција Fantagio. Според пишувањата на медиумите телото било пронајдено во неговиот дом, а причината за смртта се уште не е позната.
– Со жал мораме да соопштиме и да објавиме тешка и трагична вест. Актерот Ча Ин Ха не напушти на 3 декември и тешко ни е да поверуваме во тоа – се вели во соопштението на агенцијата.
Семејството и пријателите замолиле за приватност додека полицијата не ја истражи причината за смртта.
Ча бил ѕвезда во филмот „Love with Flaws“ и бил член на популарниот бенд Support U. Во 2017 година се прослави со улогата во краткиот филм „You, Deep Inside of Me“, а потоа глумел и во „Miss Independent Jieun 2“, „Degree od Love“, „Work of Love“ и „Are you human too?“
Станува збор за уште една во низата трагични и изненадни смртни случаи на младите јужнокорејски ѕвезди во последните седум недели.
Минатиот месец во својот дом било пронајдено телото на поп ѕвездата Гоо Харе, а пред тоа починала и младата пејачка Сули.