К-15 за администрацијата од 2024 година само ќе се зголемува, тој ќе биде најмалку 30% од просечната плата, вели Тренчевска

од Vladimir Zorba
2,9K прегледи

Услугите што ги добиваат граѓаните треба да се подобрат и така ќе биде во иднина, истакна министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во гостувањето во Сител телевизија.

-Платите беа ниски кај дел од администрацијата. Јас сум дел од јавната администрација 21 година. Има работници што премногу даваат од себе, а има и такви што не се продуктивни. Перцепцијата ја создава оној што не работи, а не оној што работи. Тоа не значи дека сите во таа институција не работат, кажа Тренчевска.

Зборувајќи за новиот Општ колективен договор таа истакна дека овој нов систем нема да дозволи уназадување на новите права на административците, без разлика кој е на власт.

-Со исплатата на септемвриската плата во 2023 година целиот јавен сектор ќе добие плата зголемена за 10%. На таа сума од августовската плата ќе има зголемување од 10%. Во септември 2024 година исто така ќе има зголемување и тоа со трошоците на живот. Од први март 2025 година започнува да се применува новата методологија за пресметка на плати, кажа Тренчевска.

Таа истакна дека за администрацијата ќе се исплаќа и регрес за годишен одмор.

-Враќаме К-15, секој ќе земе десет илјади денари до крајот на годинава. Од 2024 година регресот ќе биде најмалку 30% од просечната исплатена плата. Знаеме дека таа постојано се зголемува, што значи дека регресот од 2024 па натака ќе биде уште поголем, рече Тренчевска.

Слични содржини