Кај сиромашните владее страв од кризата, мерките на Владата само ќе го ублажат проблемот

од Mimi Spasovska
299 прегледи

Кај сиромашните граѓании владе очај од последиците од економската и енергетската криза со која се соочува Македонија, алармираат граѓанските организации со кои разговараше „Локално“, откако вчера Собранието го усвои Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани, за справување со енергетската криза

Реакцијата на Владата за ублажување на состојбите не е доволна, и со неа сиромашните граѓани треба да се подготват дека промените во квалитетот на животот остануваат неизбежни, вели Зоран Биковски од КХАМ, граѓанска организација која е дел од Македонската платформа за борба против сиромаштијата.

Зоран Биковски

Зоран Биковски

– Средствата се толку минималани што само може да го успорат темпото на глад. Мислам дека ќе потикнат и да се зголеми иселувањето. Зашто или имаш да јадеш или немаш. Овие 750 денари за луѓе со 14 илајди пензиија, или па 1.500 за тие кои земаат 11 илјади пензија или за корисници на социјална помош се толку минимални пари, што тие се потикнати да бидат дел од сивата економија и нерегулираниот пазар на труд, вели Биковски.

Од разговорите на „Локално“ со дел од граѓани за кои се наменети мерките може да се забележи дека никој точно не знае дали ќе успее да ги плати сметките за струја и дали во нивните станови ќе биде студено оваа зима. Граѓаните кои земаат минимална пензија пак велат дека секој ден мораат да посегнат се подлабоко во своите џебови за да платат за основни прехранбени производи.

Во време на длабока криза и рекордна инфлација и меѓу вработените има се повеќе граѓани кои немаат доволно пари за живот, а најмногу расте загриженоста од последиците меѓу луѓето кои  живеат од минимална плата, дополнува Биковски.

– Пример со новите мерки не може вработени со минимална плата да користат детски додаток зашто социјалната заштита не го следи темпото на зголемување на минимална плата, вели Биковски.

Се бара порадикална реакција од Владата 

Со оглед на високата инфлација социолозите бараат порадикален социјален концепт.

Професорот Илија Ацевски излез од последиците од енергетската и економска криза за сиромашните гледа во нова даночна политика, а за мерките за помош вели тие дека само ќе го ублажат проблемот, но нема да го решат.

Илија Ацевски

Илија Ацевски

-Во Македонија во последните 15 – 20 години кога ќе ја погледнете распределбата на богатство, мал е процентот на оние кои расоплагаат со најголемото богатство. Проблемот е како да се земе од овие богаташи  со легални мерки кои ќе значат да се почуствува поправилна распределба насочена кон ранливите. Тука мислам на даночна политика, борба против корупција одземање на незаконски стекнаат имот насочен главно или дел кон овие ранливи категории, вели Ацевски.

Владата вели дека има планови за излез за ранливите граѓани

Во Собранието вчера беше усвоен Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, по скратена постапка, предложен од Министерството за труд и социјална политика. Според предлагачот, целта на законот е обезбедување финансиска поддршка на најранливите категории на граѓани, во услови на енергетска криза.

Сетот од 350 милиони евра се мерки кои што се однесуваат на примателите на надоместокот за социјална сигурност на стари лица, односно лицата кои по било кој основ не оствариле право на пензија а се над 65 годишна возраст, се дел од целната група која што ќе добие финансиска поддршка и се вклучени во овие антикризни мерки, понатаму лицата кои што се корисници на правото на попреченост и децата со попреченост кои што се до 26 годишна возраст, се исто така дел од овие антикризни мерки.

Понатаму, сите оние лица кои што се приматели на правото на помош од друго лице, значи туѓа нега, а кои што имаат исклучително тешка здравствена состојба, или пак лица кои имаат некаква попреченост а не се приматели на правото на попреченост, како и сите оние кои имаат статус на невработени лица а се приматели на надомест преку Агенцијата за вработување согласно Законот за материјално обезбедување, односно стечајните работници кои што примаат надомест од Агенцијата за вработување по основ на овој закон.

М.С.М.

Слични содржини