266
Раперот Тревис Скот и најмладата од сестрите од семејството Кардашијан-Џенер, Кајли, решија повторно да се разделат, неполна година откако добија син.
Како што пишуваат американските медиуми, Кајли и Тревис не ги прославиле заедно Божиќ и Нова година, но меѓу нив наводно нема „лоша крв“ и планираат да останат во добри односи заради своите деца.
Да потсетиме, сега поранешната двојка има две заеднички деца – синот кој се роди во февруари и ќерката Сторми.
Кајли и Тревис првпат беа видени заедно на фестивал во 2017 година. Една година подоцна, тие добија ќерка. Веќе во 2019 година тие официјално раскинаа за првпат, но за време на пандемијата беа заедно во карантин, најмногу поради нивната ќерка и се смирија.