Ријалити ѕвездата Кајли Џенер повеќе не е најследената жена на Инстаграм, а таа титула ја презеде пејачката Селена Гомез.
Иако Кристијано Роналдо е убедливо најследената личност на Инстаграм, со 551 милион следбеници, на врвот кај жените веќе има промена.
Кајли Џенер долго време го држеше првото место, а сега тоа е Селена Гомез.
Еден од членовите на познатото семејство Џенер-Кардашијан има 380 милиони следбеници, додека Гомез има 381 милион следбеници на оваа социјална мрежа.
Иако е најследената жена на Инстаграм, Гомез јавно призна дека ја нема оваа апликација на телефонот. Како што кажа и самата, по раскинувањето со пејачот Џастин Бибер, не можела да ги издржи негативните коментари под нејзините слики.
Бројките на Инстаграм може да се променат преку ноќ, но се чини дека Селена Гомез суверено го презема водството меѓу жените на оваа социјална мрежа, пренесе UNILAD.