Наградата „Златен Манаки“ утре ќе му биде врачена на турскиот режисер Каан Муждеџи. По тој повод, Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“-Битола и Културниот центар „Јунус Емре“ од Скопје утревечер во киното „Синеплекс“ организираат проекција на турскиот филм „Сивас“.

Поради неможноста да биде во Битола на неодамна завршениот фестивал „Браќа Манаки“, режисерот Муждеџи утре ќе ја прими статуетката „Златен Манаки“, која ќе му ја врачи уметничкиот директор на ИФФК, Благоја Куновски-Доре. Тој ќе биде гостин на проекцијата на „Сивас“ и ќе и се обрати на публиката.