Кабинетот на Битиќи: Недела-неработен ден е приоритет на Владата и истиот ќе се оствари

од Nikola Popovski
274 прегледи

„Владината мерка за недела-неработен ден ќе се преточи во законско решение и тоа во најскоро време – тоа е ветување што Владата го стави како приоритет во владината програма и истото ќе се оствари“, се наведува во соопштението од Кабинетот на ЗПВРСМ за економски прашања ,Фатмир Битиќи.

Според нив, примената на законското решение ќе биде во согласност со сите социјални партнери а ќе бидат земени во предвид сите фактори кои се дел од функционирањето на економијата во нашата држава – во тоа спаѓаат и веќе зацртаните планови за буџетирање на компаниите од приватниот сектор како и на институциите од јавниот сектор.

„Работниците и работничките кои ќе работат кај работодавачите кои ќе функционираат и во недела ќе добиваат зголемен надоместок за работа во недела, што значи и дека буџетите на фирмите ќе претрпат измени, а за да не дојде до краткорочни промени во бројот на вработените поради зголемување на овие надоместоци кај работодавачите, сепак треба да се даде простор за реорганизација и планирање со стартен период од новата календарска година, т.е. 2022. Владата мора да ги земе предвид сите општествени фактори, како фактот дека во оваа календарска година се уште се справуваме со последиците предизвикани од Ковид кризата.

За возврат се разгледуваат и предлозите на синдикатите каде се бараат одредени отстапки во валоризацијата на механизмот „работа во недела” кои ќе бидат поповолни за работниците и работничките. Владата цврсто верува во социјалниот дијалог и само преку заеднички договор ќе дојдеме до конечното решение, а тоа ќе значи попродуктивна работна сила, фер валоризација на трудот на работничките и работниците и работодавачи кои веруваат во прогрес и развој. Денешната средба со стопанските комори беше предвидена за дискусија за Измените и дополните во Законот за данок на имот и кратка консултација за одредени теми вклучувајќи го и делот за „недела неработен ден”, а дијалогот меѓу социјалните партнери (Владата, синдикатите и работодавачите) ќе се одвива преку седниците на Економско-социјалниот совет“, се наведува во соопштението.

Претходно, ССМ остро реагира на последната изјава на Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска објавена во медиумите, за одложување на донесување на законските одредби за уредување на правото недела да биде неработен ден за сите вработени, за јануари 2022 година.

Според нив, за ваквото одложување, не смее да се одлучува еднострано, надвор од Економско – социјалниот совет и без социјален дијалог.

Слични содржини